Хроника

Затруен малолетник итно пренесен во болница, полицијата откри што се случило

Затруен малолетник итно пренесен во болница, полицијата откри што се случило

На 27.01.2026 во 11:45 часот, од Итната медицинска помош во Гостивар било пријавено дека во Ургентниот центар е донесен 17-годишник од с. Добридол во безсознание, како последица од труење со јаглероден моноксид.

-По извршениот увид било утврдено дека малолетникот спиел во подрумска просторија, каде имало котел на пелети, а откако неговиот татко го вклучил котелот, просторијата се исполнила со чад, информираат од СВР Тетово.

Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

To top