Македонија ссм или сдсм, една буква разлика

ССМ итно да се огради: НСП згрозени од мешањето на СДСМ во работничките протести

-Доколку ССМ не излезе со ваков јасен став само ќе ја потврди изјавата на премиерот дека денешните протести не се протести за плата, туку за политичка пресметка и дека во моментов помеѓу ССМ и СДСМ постои само една буква разлика, велат од НСП.

ССМ итно да се огради: НСП згрозени од мешањето на СДСМ во работничките протести

-Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат за денешниот работнички протест кои ние како синдикат го поддржавме, реагираше Независниот синдикат на полицијата.

-Бараме од ССМ веднаш да излезе со став дека на денешните протести не им се потребни и добредојдени ниту политичарите ниту поддржувачи на политички партии. Дека истите тие до пред две години имаа можност да направат нешто повеќе за работникот и дека на државата во моментов не и е потребна нова шарена револуција, туку подобар стандард на граѓаните.

-Доколку ССМ не излезе со ваков јасен став само ќе ја потврди изјавата на премиерот дека денешните протести не се протести за плата, туку за политичка пресметка и дека во моментов помеѓу ССМ и СДСМ постои само една буква разлика, потенцираат од НСП.

Најнови вести од Македонија

To top