Фудбал

ВИДЕО: НЕЗАПАМЕТЕН ХОРОР – 11 лица убиени на фудбалски терен, криминални групи пукаа во жени и деца

Државното обвинителство во државата Гванахуато, каде што се наоѓа Саламанка, започна истрага.

ВИДЕО: НЕЗАПАМЕТЕН ХОРОР – 11 лица убиени на фудбалски терен, криминални групи пукаа во жени и деца

Невидена трагедија се случи по фудбалски натпревар кога напаѓачите застрелаа и убија 11 лица. Уште 12 лица беа ранети, вклучувајќи жена и дете.

Трагедијата се случи во градот Саламанка, а градоначалникот Сезар Прието се огласи по повод настанот.

„Меѓу повредените во жалниот и кукавички напад во заедницата Лома де Флорес за време на дружење имаше жена и дете. Тој инцидент придонесува за бранот насилство што, за жал, го доживуваме во земјата, особено во Саламанка. Одговорните ќе бидат пронајдени“, рече градоначалникот во соопштението.

Истакнува дека криминалните групи се обидуваат да им се спротивстават на властите, но дека нема да успеат, објави „Ројтерс“.

Државното обвинителство во државата Гванахуато, каде што се наоѓа Саламанка, започна истрага.

„Канцеларијата ги координираше напорите со општинските, државните и федералните власти за зајакнување на безбедноста во областа, заштита на нејзините граѓани и пронаоѓање на веројатните сторители“, се вели во соопштението.

To top