Коалицијата СДС и ДУИ се покажа на дело и во опозиција. ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните. СДС и ДУИ, коалицијата Али и Венко денеска заедно во Собранието гласаа против проектот „Безбеден град”, вели Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес тие јасно застанаа против проектот Безбеден град. Денес тие гласаа против измените на Законот за прекршоци кој овозможува функционирање на овој проект, за почеток во Скопје, Куманово и Тетово, а опрема е поставена и по Коридорот 8 и 10, рече тој.
Обвини дека тие се против намалување на сообраќајни несреќи, повреди и смртни случаи во сообраќајот.
-Низ факти илустрирам за што се против СДС и ДУИ: На први октомври кога започна пробниот период, камерите во Скопје регистрирале 110.000 прекршоци од кои 90 проценти за брзо возење. Само за еден ден од функционирање на системот или на втори декември, бројката се намали двојно на околу 50 илјади прекршоци. Потоа, во првите осум месеци од 2025 година, во сообраќајни несреќи во земјава загинале 91 лице или по 11,3 луѓе месечно. Во 2024, бројот на жртви на патиштата бил 142 лица или по 11,8 изгубени животи месечно. Сега бројката на смртни случаи е намалена од 11 на 2 смртни случаи во декември 2025 и јануари 2026, поосчи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицевски истакна дека СДС и ДУИ уште еднаш покажаа на дело дека не знаат да застанат зад политика во корист на граѓаните, конкретно сега, за безбедноста на граѓаните.
-Со овој потег, овие две партии и покрај казната од граѓаните на изминатите избори, тие не знаат да се надминат себе си и да работат во корист на граѓаните, рече тој.