Познати Светскиот економски форум

Постапката на Макрон ја стави во дилема јавноста: Носење очила во затворен простор, потреба или мода

Француските медиуми јавуваат дека причината е здравствена.

Постапката на Макрон ја стави во дилема јавноста: Носење очила во затворен простор, потреба или мода

Францускиот претседател Емануел Макрон привлече внимание на Светскиот економски форум во Давос не само со острата критика кон Доналд Трамп, туку и со својот избор на очила. Макрон носеше сини рефлектирачки авијаторски очила за сонце додека им се обраќаше на светските лидери во затворен простор.

Француските медиуми јавуваат дека причината е здравствена. Макрон минатата недела се појави со црвено око, што веројатно се работи за субконјунктивно крварење, пукање на крвна жилка во окото. Состојбата е безопасна, безболна и не влијае на видот, а обично исчезнува за околу две недели.

Францускиот претседател се пошегува на своја сметка, нарекувајќи го своето око „око на тигарот“. Лекарот и медиумски коментатор Џими Мохамед изјави дека очилата, Макрон ги носи поради естетски причини, бидејќи е јавна личност.

Најнови вести од Познати

To top