Свет Европскиот парламент

Фон дер Лајен: ЕУ мора да ги забрза напорите кон независност за да може да се брани

На крстопат сме. Европа претпочита дијалог и решенија, но целосно сме подготвени да делуваме, ако е потребно, со единство, итност и одлучност, рече Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен: ЕУ мора да ги забрза напорите кон независност за да може да се брани

Европската унија мора да ги забрза своите напори кон независност за да се одбрани во свет кој брзо се менува, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– На крстопат сме. Европа претпочита дијалог и решенија, но целосно сме подготвени да делуваме, ако е потребно, со единство, итност и одлучност, рече Фон дер Лајен во обраќање во Европскиот парламент.

Таа укажа дека „во овој свет на сè поголемо беззаконие, на Европа ѝ се потребни сопствени лостови на моќ“.

– Ги знаеме – силна економија, просперитетен единствен пазар и индустриска база, силен капацитет за иновации и технологија, обединети општества и пред сè вистинска способност да се браниме, рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека е „поважно од кога било“ да се продолжи со фокусот на Украина, како и дека Европската унија ќе соработува со Соединетите Американски Држави и со другите партнери на зајакнување на безбедноста во арктичкиот регион. јт/

To top