Македонија

ВИДЕО: Еве каква е состојбата на Попова Шапка по новите снежни врнежи

ВИДЕО: Еве каква е состојбата на Попова Шапка по новите снежни врнежи

Попова Шапка утринава е со најмногу снег, но и со најстудено време.

Според информациите од УХМР, утрово измерени се 34 сантиметри снежна покривка и -7 степени.

Од ски центарот, пак информираат дека поради неповолни временски услови и силните ветрови, жичарниците „Церипашина“, „Шестосед“ и „Двосед“ нема да бидат во функција.

-Веднаш штом временските услови ќе дозволат, истите ќе бидат повторно пуштени во функција. Оваа мерка се презема со цел да се гарантира безбедноста на сите наши скијачи. Ви благодариме за разбирањето, информираат од ски центарот.

Најнови вести од Македонија

To top