Македонија кризниот штаб е активиран 24 часа дневно

Ѓорѓиевски: Скопје се движи безбедно и во зима, службите интензивно работат на расчистување на снегот

Ѓорѓиевски: Скопје се движи безбедно и во зима, службите интензивно работат на расчистување на снегот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека снегот не е изненадување во зима, а подготвеноста е нивна обврска.

– Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот. Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки. Безбедноста на граѓаните е наш приоритет, вели Ѓорѓиевски.

Град Скопје

Тој апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови.

-Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа – Скопје се движи безбедно и во зима, истакнува Ѓорѓиевски.

Град Скопје

Најнови вести од Македонија

To top