Македонија состојба на патишта

Забрана за камиони на Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрана за камиони на Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Снег паѓа во западниот дел од државата и има забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопштија утрово ЈП Македонијапат и АМСМ.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Најнови вести од Македонија

To top