Свет Колумбија

Петро на 3 февруари ќе се сретне со Трамп

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро изјави дека на 3 февруари ќе се сретне со американскиот колега Доналд Трамп

Петро на 3 февруари ќе се сретне со Трамп

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро изјави дека на 3 февруари ќе се сретне со американскиот колега Доналд Трамп.

– Ќе ги видиме резултатите од таа средба, таа е клучна. Сакам Колумбијците во сите делови од земјата да не страдаат и да можат да живеат во мир, посочи Петро.

Трамп, по минатонеделниот телефонски разговор со Петро, ја најави посетата на колумбискиот претседател на Вашингтон.

Претходно, Трамп и се закани на Колумбија со воена интервенција бидејќи не презема доволно мерки за спречување на илегалната трговија со наркотици. Тој го опиша Петро како „болен човек кој сака да произведува кокаин и да го продава во САД, а тоа нема уште долго да го прави“.

Најнови вести од Свет

To top