Денеска јавноста беше сведок на еден поинаков пристап на решавање на отворени прашања, нешто што можеби изминатите 35 години државност не се случувало, а тоа е би рекол преку една плодна дискусија во рамките на оваа лидерска средба и во една дебата би рекол која што морам да кажам во одредена мерка беше полна со предлози и идеи, изјави денеска полидерската средба премиерот Христијан Мицкоски.
СДСМ се самоисклучи, нивниот бојкот без значење вели Мицкоски.
-Што се однесува до СДСМ, можам да кажам дека СДСМ се самоисклучи денеска, таа беше уредно поканета и одлучи денеска да не присуствува. Ние, нормално неодговорно однесување како Влада неможеме да толерираме. Во ред, еве барањето на Техничката влада да остане на сила за следните избори го прифаќаме, нека остени ако тоа е проблемот. Но веќе од следните избори понатаму, можеби СДСМ ќе победи на следните избори тие ќе бидат влада кои што нема да ја имаат Техничката влада. Ние сме одговорни како Влада да им го овозможиме тоа, и ние ќе го направиме тоа, ќе поднесеме закон доколку тие останат на ставот за следните избори да има техничка влада, но веќе од следните избори да нема техничка влада земајќи во предвид со предизвиците со кои се соочува државата, рече Мицкоски и продолжи:
„Денеска една Коалиција отсуствуваше, па така доколку оваа Коалиција не го прифати ова носење на измени на законот за Влада со кој што би се избришала Техничката влада за следните парламентарни избори, знаете тој закон се менува со просто мнозинство во Парламентот, со 61 глас „ЗА““.
-Сепак мојот предлог беше да не го правиме тоа на сила без нивна согласнос, туку да донесеме измени во законот во кој што после следните избори тогаш да не важи Техничката влада, еве ако толку инсистираат за овие избори Техничката влада, измените кои што би ги донеле да не ги опфатат следните парламентарни избори, туку некои следни кои што ќе следат потоа. Но притоа секако мораме да направиме измени во законот за Влада, затоа што сега имаме промена на ресори, појасни премиерот.