Македонија

На Попова Шапка најмногу снег, еве кои скијачки центри се отворени во Македонија

На Попова Шапка најмногу снег, еве кои скијачки центри се отворени во Македонија

Најмногу снег утринава, со висина од 24 сантиметри, има на Попова Шапка. Во 7 часот утринава снежна покривка во висина од 14 сантиметри е измерена во Маврово, 13 во Крушево и 1 см во Тетово и во Ѓуриште.

Онаму каде временските услови не создале доволно снег, тука се топовите за вештачки снег. Па така сите скијачки центри во Македонија се отворени и ги очекуваат љубителите на зимските спортови да ги посетат.

Попова Шапка, Нижеполе, Крушево, Пониква, Маврово, Стрежево, Михајлово.. условите создадени, изборот е ваш, каде ќе се рекреирате и спортувате.

 

 

To top