Македонија

Петрушевски: Скапо платените опозициски пратеници на Левица повторно ги немаше денеска во Собранието кога носевме клучни измени на КЗ

Скапо платените опозициски пратеници на Левица, како што веќе станува правило, повторно ги немаше во Собранието додека носевме клучни измени на Кривичниот законик, објави на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Собранието денес гласаше за потребата од заострување на казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, преку корекција на штетните измени од 2023 година и проширена конфискација, за посилна заштита на жените и децата од семејно насилство, за заштита на приватноста од злоупотреба на интимни снимки и за усогласување со европските стандарди преку проектот „Безбеден град“.

Фејсбук-политиката со видеа и рилсови,и седењето дома, не носи подобар живот за граѓаните, потребна е вистинска работа, пишува Петрушевски во својата објава.

Најнови вести од Македонија

To top