Свет

Илјадници демонстранти се собраа во центарот на Техеран за поддршка на владата

На повик на претседателот Масуд Пезешкијан, илјадници Иранци денеска го исполнија плоштадот во центарот на главниот град. Тие го мавтаа знамето на Исламската Република во поддршка на властите и им оддадоа почит на безбедносните сили убиени за време на демонстрациите.

Претседателот на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека земјата води војна против „терористите“ и предупреди дека Трамп ќе научи „незаборавна лекција“ ако го нападне Иран.

Иранските власти се соочуваат со големо антивладино протестно движење, чиешто задушување, според извештаите, остави стотици мртви. Ситуацијата станува еден од најсериозните предизвици за владата од прогласувањето на Исламската Република во 1979 година.

Официјален Техеран ги опиша антивладините протести како „немири“.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, постојано му се закануваше на Иран со американска воена интервенција доколку продолжи репресијата врз демонстрантите. Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска одговори дека Техеран е подготвен и за војна и за преговори.

Владата се обидува да ја поврати контролата во земјата, вклучително и со целосно прекинување на интернет комуникациите од 8 јануари.

To top