Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува САД да продолжат да учествуваат со Данска во одбраната на Гренланд, а во тек се разговори за разјаснување на форматот, објави ДПА.
„Водиме многу длабоки разговори со данската Влада и нашата цел е да работиме заедно за подобрување на безбедноста на Гренланд“, изјави Мерц во индискиот град Ахмедабад.
„Очекувам и Американците да се приклучат на разговорите“, додаде тој, додавајќи дека претстојните разговори во наредните денови и недели ќе покажат во каков формат ќе се одвива тоа.
„Општо земено, ја поздравуваме секоја дипломатска размена што придонесува за смирување на ситуацијата“, додаде портпаролот на германската Влада.