СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(54) од Тетово, М.Ф.(29) од с.Долно Количани, општина Студеничани, И.А.(54) од с.Шемшево, општина Јегуновце и З.З.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Прво и второпријавениот со лажно прикажување на факти во декември 2024 година измамиле жена на тој начин што и ветиле дека ќе и посредуваат да купи куќа во Тетово, сопственост на нивни роднини за сума од 135.000 евра. Таа во два наврати им платила 8.600 евра, а во март 2025 година откако увидела дека куќата е во сопственост на друго лице и се обидела случајот да го пријави во полиција, но била одвратена во намерата од третопријавениот.
По ова, третопријавениот за целиот настан го запознал четвртопријавениот и по извесен период тие и вратиле 5.100 евра, а останатите ги задржале за себе и ја блокирале на социјалните мрежи, оневозможувајќи и да стапи во контакт со нив.