Хроника

Уапсен скопјанец, нападнал полицаец кој вршел службени задачи

Полицискиот службеник е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди.

Уапсен скопјанец, нападнал полицаец кој вршел службени задачи

На 23.12.2025 во 15:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(24) од Скопје затоа што на крстосница на бул.„Никола Карев“ со ул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Полицаецот, информира МВР, бил нападнат додека регулирал сообраќај за време на протест.

Полицискиот службеник е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Теми на денот

To top