СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.У.(18) од с.Желино, тетовско и 16-годишник од с.Групчин, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 22.10.2025 во угостителски објект во Тетово, пријавените физички ги нападнале А.Р.(19) од тетовско и 15-годишник од тетовско, при што првопријавениот употребил и тврд предмет.