Македонија СДС за ден повеќе власт немо одобрувале

Петрушевски: 3 милиони евра спорна документација во Лотарија оставиле Бајрами и Груби

Продолжува да се откриваат детали од скандалот со „Лотарија“

Петрушевски: 3 милиони евра спорна документација во Лотарија оставиле Бајрами и Груби

Интегрален текст од прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски:

„СДС и ДУИ своето владеење го покажаа со раководењето на Државна Лотарија каде што Бајрами и Груби ја испокрадоа институцијата и избегаа.

Додека едните крадеа, другите мижеа, и обратно. А некогаш и двете структури крадеа заедно.

Таков е и случајот со Лотарија, каде што Бајрами и Груби ја приватизирале институцијата и правеле што сакале, а СДС за да не ја распадне коалицијата, молчеле.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во последниот извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за “мали добивки” на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна.

Понатаму, ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси.

Дополнително, ДЗР преку увид во трговските книги и анализи на податоци од централниот онлајн систем и платформата за интернет игри, утврдила дека се нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од 123 милиони денари.

Над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра спорна, невалидна или неуредна документација оставиле Бајрами и Груби во Лотарија, а СДС молчеле и немо го одобрувале овој криминал за да не паднат од власт.

Затоа, СДС и ДУИ се минато на политичката сцена и потребни се реформи. Криминалците мора да одговараат.“

Најнови вести од Македонија

To top