Новата потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска, која се нафати да му биде заменик на Венко во време кога сите фаќаат усвета од партијата, денеска влезе во нова „ СДС Зона на самракот“. Во време кога членството на СДС мигрира наголемо во ЗНАМ и Левица, тие се крстат во Кацарска и Уставен, да ги спаси од сопствениот резил.
Верувале или не, но СДС кои две недели буквално удавија со лагите за мигранти, сега ќе ја тужакаат власта на Уставен за истите тие имагинарни мигранти (пред нивната икона Кацарска) и демек немало да дозволи гушење на демократијата и слободата на говор?! Не кажуваат со кои тоа граѓани, но велат „Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата“?!?!
Е, се сепнавте од несоодветниот вокабулар кој не им прилега и ги прави пандан на „слон во пижами“, нели?
Во стил на епизода од „Топ листа надреалиста“, тие упорно, ко слепи за стап продолжуваат:
„ДПМНЕ–ЗНАМ усвоија неуставна Резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата.
Целта на власта е да ја замолчи опозицијата и да се забрани било каква дебата за договорот -мигранти за пари, да се спречи вистината да излезе на виделина.
Цензура против предавствата на власта (Кх, кх, кх, СДС зборува за предавства, веројатно како експерти на темата).
Кога се носат неуставни резолуции против опозицијата, тоа е автократија – вовед во диктатура, режим (сетете се на промената на името, полтичките процеси против браќата од 27 април, распупеното судство на Заев, неуставниот Закон за двојазичност итн. и др.).
СДСМ ова нема да го дозволи и силно ќе се спротивстави, заедно со граѓаните (чекаме да се јават дотичните).
Најавувам, ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок (до Кацарска, оти Коцевски веќе го нема).
Предавничката Резолуција е спротивна на УСТАВОТ во делот на основни човекови слободи и права на граѓанинот – слободата на изразување која е неприкосновена. И тоа ја прави неуставна (велат експертите во насилна промена на Уставот, кои го користеа како тоалетна хартија) .
Понатаму, ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции, ќе побараме помош и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа (за тоа ви веруваме, ќе кодошите, коленичарите и кукате кај странците, тоа е единствено реално во прикаскава).
Со сите демократски алатки и механизми што ни стојат на располагање ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата (Нова епизода од Летечкиот циркус на Венко Филипче).
Борбата продолжува“ изјависо силна дфоза на неверица индолентната потпретседателка на партијата која, според извори од Бихаќка, единствена се нафатила на таа функцијата, другите сите одбиле, а во извршниот одобор имаат деклариран наркоман и корисник на кокаин, едно пиле кое чека да оди во затвор кој претходно го управуваше и една Фани која кога пред година дена стана заменик на Венко знаеше тројца сдсмовци, а сега не знае ниту еден. Во меѓувреме, двајца преминале кај Максо, а еден прелетал во Левица…
Логично е да тужат таму, велат по социјалните мрежи, само Кацарска остана, последниот бастион на СДС…