Свет

Иранската нобеловка Наргес Мохамади пренесена во болница по апсење

Иранската лауреатка на Нобеловата награда, Наргес Мохамади, била двапати пренесена во одделот за итна помош по нејзиното апсење минатата недела од страна на иранските сили за безбедност, соопштија членовите на нејзиното семејство.

Тие го опишуваат нејзиното приведување во североисточниот град Машхад како проследено со тешки тепања.

Во изјава на социјалните мрежи, семејството на Мохамади наведе дека накратко разговарале со неа по телефон по апсењето, при што таа опишала повеќекратни удари по кои била неопходна итна медицинска помош.

Мохамади (53) била уапсена во петокот на собир поврзан со смртта на активистот за човекови права Хосроу Аликорди, според фондацијата „Наргес Мохамади“. Снимките споделени од нејзините поддржувачи ја покажуваат како зборува пред толпа луѓе непосредно пред да интервенираат силите за безбедност. Други фотографии ја покажуваат како ја одведуваат за медицинска помош.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Иранските власти не ја коментираа јавно верзијата на нејзиното семејство и не одговараа на прашања.

Во саботата, властите соопштија дека им наредиле на безбедносните службеници привремено да задржат голем број учесници на собирот по скандирањето пароли кои се сметаат за „нарушување на нормите“, а исто така го дефинираа нејзиното задржување како превентивна мерка за нејзината лична безбедност.

Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир во 2023 година за нејзината децениска работа за човековите права во Иран. Во минатото таа била повеќепати приведувана поради својот активизам, при што повремено била ослободувана поради медицински причини.

To top