Македонија Светски судски срам од Македонија: лица и опачини на обвинители и судии (3.ДЕЛ)

Костов: Време е за нов јавен обвинител кој ќе открива криминал и корупција и ќе ги обвинува сторителите на кривични дела

Љупчо Коцевски, направи многу противправни бељи, кои не му прилегаат на еден државен обвинител – прв обвинител во јавнообвинителската организација. Да се знае, тие нема да поминат не казнетеи. Ама нешто за што секојпат ќе ми биде крајно негативна парадигма(крајно штетна и злобна, злонамерна матрица, и за која барем јас никогаш нема да му простам, му пишувам морална пресуда), а тоа е неговата скандалозна, коруптивна и криминогена спрега, со Љупчо Јовевски, неговиот претходник, и сите обвинители од бившото СЈО, кои се покажаа неспособни, нестручни и јавни обвинители без јавнообвинителска експертиза, но и многу, многу алчни за пари, кои ги одзедоа противправно и не уставно ги присвоија од буџетот на Македонија, од парите на граѓаните на државата.

На ист ранг со ова е и гравот кон Обвинителите Мустафа Хајлурахи и Јован Цветановски, обвинители кои одговорно, стручно и совесно го работеле предметот “бонусите на обвинителите во СЈО“. Се обиде и во голема мера успеа да им ги прекине и уништи(без правна основа) кариерите, за што исто така ќе одговара.

Костов: Време е за нов јавен обвинител кој ќе открива криминал и корупција и ќе ги обвинува сторителите на кривични дела

Еднаш веќе пишував за јавнообвинителските византиски игри на обвинителот Љупчо Коцевски, обвинител на Република Македонија. Да, токму така, обвинителот Коцевски година и половина ни продаваше(и уште упорно и тврдоглаво тоа го прави) византиски игри во и околу обвинителството како државна институција. Овозможи постоење на обвинителски кланови, подвоеност на СЈО-вци и останати, и внатрешни местенки, сплетки, притисоци, закани, кои доведоа до: нарушени меѓучовечки односи, пад на угледот на институцијата, срозување на интегритетот на обвинителите, борба за функции, преку газење по лешеви и вредносна и морална ерозија на институцијата во целост.

А богами добар е и за сплетки и манипулации и со други државни органи како ДКСК(Државна комисија за спречување на корупцијата), Адвокатската комора, владата и собранието. Непотребно и непримерно коментира одлуки на политички првенци, а покажува и непочитување кон, колегите обвинители и адвокати, па дури и кон Владата и Собранието на РМ. А неговата работа е нешто сосем друго, запишано во Уставот, Законот за јавно обвинителство, КЗ(Кривичен законик), ЗКП(Закон за судски совет) и Законот за Академијата за судии и обвинители. Тоа е гонење на сторители на кривични дела, обвинување и обезбедување на квалитетни докази за потврдување на наводите на обвиненијата и нивно осудување. За гонењео на високата корупција во државните институции и организираниот криминал(бракот помеѓу политиката, валканиот бизнис и криминалното подземје, и лицата од “црната листа“ на САД) и да не зборуваме, бидејќи тоа сосема изостана, за целиот негов мандат, од изборот, до денес. На еден начин го преспа мандатот, бидејќи не изреагира како јавен обвинител(кого треба да го красат стручност, професионалност, непристрасност и независност) и не поведе постапки за ниту еден голем корупциски скандал(а ги имаше многу) во кои се вмешани забеганите коруптивни и криминогени политички елити на СДСМ и ДУИ. Е па таков јавен обвинител никому не му е потребен.

Со 70 гласа “за“, и ниту еден “против“ или “воздржан“, на 29 јули годинава пратениците изгласаа недоверба на јавниот обвинител Коцевски на предлог на Левица како опозициона партија. Зошто му се изгласа недоверба? Најмногу бидејќи го следеа разно-разни афери и скандали, во смисла на непостапување по крвични пријави, одолговлечуивање на постапки, суспендирање, дисциплинско гонење и кривичен прогон на виш јавен обвините(раководител) и негов колега, сомнителен, незаконски избор на виш јавен обвинител и неприфаќање на именувањето од самиот обвинител, селективни истраги и предистраги, што сериозно ја разниша довербата на граѓаните во јавнообвинителската организација и самиот обвинител. Се на се целосно хаоточна состојба во организирањето на обвинителството, републичко, вишо(Скопје, Штип, Гостивар) и ненавременото и непрофесионално функционирање(политичка зависност, обвинителска пристрасност, субјективност и нестручност) во извршување на јавнообвинителската функција.

Од друга страна и граѓаните се погласно и помасовно бараат негова смена. Безмалку во сите испитувања на јавното мислење во 2025г., процентот на тие што велат дека Коцевски лошо ја врши својата функција, е многу голем(од 43% до 56%), а процентот на тие што мислат дека треба да биде сменет е секогаш над 52%. Кога на ова ќе се додаде и мислењето на правните аналитичари, новинари-истражувачи, професори по право и адвокати, тогаш кругот е затворен, што значи сите релевантни сегменти од правниот систем и јавноста во Македонија се безмалку едногласни(во големо мнозинство) дека тој треба да биде разрешен. Со слични ставови е и Владата на РМ и поведе постапка за негово разрешување(нарушен углед на инсистуцијата ЈО и негов личен, непрофесионално однесување, неовластено изнесување на информации во јавноста за предмети во постапка, со што се нарушува тајноста на постапката согласно закон и сл). Кога на ова ќе се додадат и негативните оценки за работата на јавниот обвинител од Стејт дипартментот на САД, Европската комисија, Транспаренси интернешенал.

За крај, уште еднаш: наместо Љупчо Коцевски, јавниот обвинител на Република Македонија, да се грижи за прогон на сторители на кривилни дела, наместо да гони криминалци од висок ранг и наместо да ги истражува и обвинува коруптивните обвинители, судии, политичари и бизнисмени, тој во јавнообвинителската организациија игра византиски игри. Преку притисоци, закани, интриги, манипулации и лаги си ги малтретира и прогонува своите обвинители, и тоа оние стручните, искусните обвинители со карактер и личност, обвинители кои, до крајот на минатата година чесно и принципиелно си ја извршуваа јавнообвинителската функција.

И токму затоа Коцевски ќе остане запаметен како најдолго разрешуван јавен обвинител. Му беше дадена шанса со случајот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, ама и неа ја прокоцка. Впрочем, тој во врска со одговорната функција, јавен обвинител, се прокоцка, па целосно се посрами, и ја понижи јавнообвинителската функција и организација. Непобитен факт ни е дека ни се случи Коцевски, ама, дај Боже, никогаш да не се повтори.

 

(продолжува)

 

Сотир Костов

Најнови вести од Македонија

To top