Македонија има обврска редовно да се јавува во судот

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка, осудена за злоупотреба на службената положба, ќе биде под судски надзор до истекот на казната.

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК.

Како што информира директорот на КПУ „Идризово“, Зоран Јовановски, Јанева добила условен отпуст и во наредниот период ќе има обврска редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје, сè додека казната формално не ѝ истече.

„Осуденичката Јанева доби условен отпуст и таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје додека 7-годишната казна целосно не ѝ истече“, изјави Јовановски за СДК.

Јанева беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба, при што во вкупната казна ѝ беше пресметано и времето поминато во притвор.

To top