Свет

Силен земјотрес во Јапонија, издадено предупредување за цунами

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри.

Силен земјотрес во Јапонија, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со прелиминарна јачина од 6,7 степени го погоди североисточниот дел на Јапонија денеска, што предизвика предупредување за цунами од Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри.

Земјотресот е регистриран во 11:44 часот по локално време, неколку дена откако посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди истиот регион.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами со висина до еден метар.

To top