На 6-ти декември(сабота), значи пред четири дека ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци го одржа својот18-ти конгрес. Конгресот усвои документ “Нова парадигма 2030“(четири во едно – Идеолошки кодекс, национален договор на доверба од ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните, Нова парадигма: државност 2030 и Централен кодекс на партијата – 10 принципи на политичка зрелост), документ “Ново поглавје, стратегија Македонија 2030 – правци за дејствување, развој и државно водство“ и го реизбраа господинот Христијан Мицкоски за претседател на партијата со мандат од 4 години. Конгресот уште незавршен, се утврдуваше резултатот од тајното гласање за претседател, а спин-докторите, политичките пропагандисти на опозицијата(СДСМ, Левица, ДУИ) и одредени аналитичари почнаа да даваат изјави, да пишуваат постови на социјалните мрежи, така што едни го напаѓаат Христијан Мицкоски, други ВМРО-ДПМНЕ, а трети и лидерот Мицкоски и партијата – ВМРО-ДПМНЕ. Замислете гласовите докрај непребројани, конгресните документи непрочитани, ама напади со етикетирање, недолично потсмевање и еден куп невкусни констатации, се редеа едни по други. Тој тренд продолжи и следните два дена, и повеќе од очигледно беше дека значењето на конгресот мора да се минимизира, ВМРО-ДПМНЕ невкусно да се етикетира, Мицкоски да се претстави како лидер кој говори нереално и ветува неостварливи работи.
За овие три дена, јас го направив следното: прво ги прочитав усвоените конгресни документи, потоа од видеата и сликите на социјалните мрежи ја доловив атмосверата на конгресот(од почетокот до неговото завршување) и го констатирав резултатот од гласањето – од 817присутни делегати, гласале 804 и сите својот глас го дале за Христијан Мицкоски. Почитувани, за атмосверата стекнав реална слика дека била позитивна(голема позитивна енергија, која на крајот се претвора во заедничка партиска синергија), за што сведочат сликите и видеата, преполни со насмеани и расположени членови на партијата, партиски функционери(поранешни и сегашни) и носители на државни функции(поранешни и сегашни), како на пример делегатите од Ѓорче Петров, Куманово, младите активисти од Кавадарци, Битола, Прилеп и други општини, женските припаднички на партијата од Унија на жени и секако членовите на Унија на ветерани. Сите заедно и обединети.
Инаку, оваа слика уште во периодот декември 2019г. – март 2020г. ја нареков “обединетите бои на ВМРО-ДПМНЕ“, кога ја напишав колумната “Обединетите бои на ВМРО-ДПМНЕ – победнички!“(“… сведоци сме на остварување на еден многу посакуван идеал на раководството и членството на ВМРО-ДПМНЕ – ОБЕДИНУВАЊЕ. Обединување на ветераните/основачи на партијата, на Унијата на жени, на Унијата на млади сили, на членството, на раководството на партијата и на симпатизерите. Конечно, после долг период на недоразбирања, сите се заедно, сплотени, обединети, мислат и дејствуваат како еден. Тоа беше алката која недостасуваше. Заслугата за ова долго посакувано обединување им припаѓа на сите. Подеднакво. Нема митинг, нема средба со граѓани, а лидерот, професорот д-р Христијан Мицкоски да не се заблагодари за заслугите на ветераните/основачи, на Унијата на жени, на Унијата на млади сили, на сите претходни раководства, на сите членови на партијата, од основањето, па до денес. Не поминува ниту една средба со граѓаните избирачи, а на неа да не се присутни добро познатите ветерани/основачи, кои заедно со младите, со раководството и со членството ги убедуваат граѓаните избирачи да ја прифатат Обновата. Да ги прифатат стратешките цели на партијата, политиките, мерките за обнова на Македонија и проектите преку кои тоа ќе се изведе.
Сите заедно ја раскажуваат интересната приказна на ВМРО-ДПМНЕ, приказната за Обнова на Македонија. Приказната за Исправи се Македонијо! – Прифати Обнова!…извадок од колумната напишана март 2020г.). Од март 2020г. поминаа 5 години и 8 месеци, а претставата, т.е. перцепцијата за севкупните состојби во ВМРО-ДПМНЕ е уште поубава. Е, тоа некого го боли, и тоа многу го боли. За ваква состојба за завист, љубомора и зла намера(од страна на опозиционите првенци и нивните приврзаници, има една изрека која вели “боли и кога не боли“. Ама, што да се прави? Додека некој(СДСМ и ДУИ) создаваше институционална корупција, се поврзуваше во организиран криминал и криминалното подземје, некој друг(ВМРО-ДПМНЕ) се реформираше и модернизираше во современа конзервативна и народна партија, европски ориентирана. И за овој процес напишав колумна, во март 2020г. насловена “Реформирање и модернизирање на ВМРО-ДПМНЕ“(“…Партијата ги објави промените на партискиот статут, што значат суштинска реформа на организирањето и функционирањето на партијата, на нов начин, модерен и современ, на дејствување на членовите и функционерите на партијата – во самата партија, во институциите на системот во државата и на јавната, домашна и меѓународна, политичка сцена.
Опсегот на предложените мерки е широк, а содржината на високо ниво на квалитет. Се менува статутот на партијата при што се проширува и зацврстува внатрепартиската демократија, се воведуваат нови тела на организирање(Совет на интелектуалци, ветерани на партијата, Патриотски институт) и дејствување и се ограничуваат мандатите.
Унапредена е внатрепартиската демократија: непосреден избор на кандидатите за градоначалници и советници и подемкратски избор на претседателите на општинските комитети.
Воведен е нов и вистински вредносен систем за ликот и активноста на секој член: способностите, умеењето и капацитетите на поединецот се ставени на преден план. Притоа решавачка да биде довербата кај членството, личниот углед и минатиот труд. За мене оваа мерка и новина е и најважна: Се воведува вредносен систем во кој принципите се се!. Тоа значи преку искреност, чесност, интегритет и одговорност, ќе се гради доверба кај членството, симпатизерите и граѓаните избирачи.
Од рестриктивните мерки треба да се истакнат ограничување на мандатите: на претседателот на општинскиот комитет и на претседателот на партијата. Тоа значи побрз и поредовен проток на способни кадри и свежи идеи, проекти и концепти. Тоа еден вид зајакнување на внатрепартиската динамика и динамизирање и планирање на активноста(визија, идеи, проекти, мерки, цели) во период од два циклуса – 4 плус 4 години. Сосема доволно да се создаде визија, да се предложат нови идеи, да се воведат иновативни и креативни алатки, преку кои ќе се спроведуваат мерки, проекти и цели, а притоа тие да бидат ефикасни и делотворни.
Сето ова за мене е целосна реконцептуализација на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект и активен и доминантен чинител, како во внатрешната политика, така и на планот на активноста и настапот на Македонија на меѓународен план. Со овие реформски зафати, сигурен сум дека ВМРО-ДПМНЕ го издига на многу повисоко ниво демократските способности и натпреварувачкиот карактер и способностите на членовите и партиските раководители, но и партијата во целост. Тоа мора да резултира со поголем политички и демократски натпреварувачки капацитет на политичката сцена, поголема и помоќна презентација од и кон граѓаните избирачи, и подобра подготвеност и позиција за политичко и демократско договарање“ – дел од посочената колумна од март 2020г.).
Додека траеше овој процес, кој еве сега со 18-от конгрес се заокружи, некој друг(пак СДСМ – менуваше лидери, Заев, Ковачевски, Филипче, го промени името на државата, потпиша срамен договор со Бугарија, ја погази вољата на гласачите изразена на референдум, ја партизираше државата преку непотизам, кронизам и висока корупција, а ДУИ длабоко заглибуваше во корупција и организиран криминал) се претвораше во ненародна власт на забегани партиски елити, која го партизираше судството и работеше само во интерес на партиски и лични интереси, на сметка на националните и државните. Ова пак, сега ептен боли, многу, многу боли. И за оваа состојба има една народна “Вчера везир, денес резиљ! Или бељата е во торбата“.
Да се потсетиме, се почна на 23 декември 2019г. кога ВМРО-ДПМНЕ, во преполната сала “Јане Сандански“, во Скопје направи јавен политички и културен перформанс насловен “Обновата доаѓа!“. Тогаш оваа партија во опозиција ги објави четирите вредности – принципи, обнова, промени и правда, како фундаменти на новиот вредносен систем на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа беше отпочнат победоносниот поход на партијата, која од партија во опозиција, партија политички прогонувана и судена, партија со замрзнат имот и сметка, чекор-по-чекор, израсна во нова политичка икона, како победничка партија, и сега веќе најголема, силна и моќна политичка партија, партија на власт. И за ова, на 23 декември 2019г. напишав колумна, со наслов “Новата политичка икона – ВМРО-ДПМНЕ/ПРИНЦИПИ+ПРОМЕНИ+ОБНОВА+ПРАВДА=ПОБЕДА/“.
Колумната од еден аналитичар(далечински управуван) и медиум(под маргините на медиумската сцена) беше “пофалена“ со “Смеење до плачење“, што значи неосновано и на простачко ниво исмејана – и колумната, ама и авторот. Добро, нека им биде, и им бидна. Ама, денес, сите знаеме кој се смее, а кој плаче до цимолење и квичење(“Извини Пиги морално беше“). Таа првична фаза на закрепнување, организационо средување и партиско издигнување заврши на 12 декември 2021 г. кога на 17-от конгрес ВМРО-ДПМНЕ го усвои документот “Доктрина на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ“. Нешто поконкретно за значењето на таа Доктрина и бенефитите од неа и анализа на конгресните документи(значење и перспективи) во утрешното продолжение, кога ќе има и целосен репринт на посочената колумна.
(продолжува)
Сотир Костов
