Свет

Сијарто: Орбан и Трамп се согласија за финансиска соработка, но не и за пакет од 20 милијарди долари

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и американскиот претседател Доналд Трамп не се согласија за предложениот пакет за финансиска помош од 20 милијарди долари, но ветија дека ќе започнат разговори за нова форма на финансиска соработка, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Унгарскиот министер за надворешни работи реагираше на интервјуто на Трамп, кое беше емитувано претходно денеска од порталот „Политико“ со седиште во Брисел, во кое Трамп негираше дека нуди каков било пакет за финансиска помош.

Орбан во ноември предложи Унгарија да избере помеѓу неколку начини за зајакнување на своите финансии според договорот со Вашингтон, со финансирање во вредност до 20 милијарди долари.

Орбан се сретна со Трамп во Белата куќа на 7 ноември. За време на состанокот, унгарскиот премиер обезбеди едногодишно ослободување од санкциите на САД поради користењето на руска енергија. Потоа, Орбан рече дека Унгарија може да користи систем за размена на валути или флексибилна кредитна линија, со одобрение на Трамп.

-Не, не му го ветив тоа (на Орбан), но тој сигурно го побара, изјави Трамп за Политико кога беше прашан за евентуална финансиска помош за Унгарија.

To top