Македонија

Потпишан меморандум за соработка помеѓу СЦ “Борис Трајковски” и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” – Скопје

По повод 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост, денес на мое огромно задоволство потпишавме Меморандум за соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” – Скопје, преку кој ќе овозможиме дечињата од ова училиште бесплатно да се рекреираат во СЦ “Борис Трајковски”, објави на социјалната мрежа на Фејсбук директорот на СЦ “Борис Трајковски” Даниел Апостолоски.

Со овој чекор сакаме да ја подигнеме јавната свест на едно повисоко ниво и сите што повеќе да учествуваме и придонесуваме во развојот на овие лица, кои несомнено ја заслужуваат нашата поддршка.

Посакувам успешна соработка.

Нека е честит 3 декември,

Меѓународен ден на лицата со попреченост, пишува во својата објава Апостолоски.

To top