Занимливости бистленд

ФОТО+ВИДЕО: MrBeast отвори забавен парк со неговите предизвици во Саудиска Арабија

ФОТО+ВИДЕО: MrBeast отвори забавен парк со неговите предизвици во Саудиска Арабија

Најпознатиот Јутјубер во светот, MrBeast, отвори тематски парк во Ријад, Саудиска Арабија.

Имено, паркот сместен во комплексот Boulevard City е базиран на неговите видеа, кои ги ставаат луѓето пред сложени предизвици за издржливост со цел да освојат големи парични награди, а посетителите ќе можат да го посетат до 27 декември.

Instagram / mrbeast

„Ова е веројатно еден од најдобрите денови во мојот живот. Едно од најчестите барања што ги добивам е: „Сакам да бидам во видеото на MrBeast“. Па сега го создаваме во реалниот живот каде што можете да дојдете и да доживеете како е“, изјави 27-годишникот, чие вистинско име е Џејмс Доналдсон, за Ројтерс пред отворањето на паркот.

Во претходно интервју за медиумите, MrBeast рече дека сака да им донесе нешто посебно на своите обожаватели во овој дел од планетата.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Влезот во Beast Land е украсен со неонски осветлена сина глава од тигар со трепкачки очи, што потсетува на логото на MrBeast.

На 27 години, MrBeast е најследениот YouTuber во светот, со над 450 милиони претплатници и дигитална империја изградена врз различни предизвици. Beast Land е дел од Riyadh Season, годишен фестивал чија цел е промоција на туризмот и забавата во Саудиска Арабија.

To top