Македонија На денешната седница Извршниот одбор

Не го послушал Филипче, па доби “клоца“: СДСМ исклучи советник од членство бидејќи гласал за претседател на Совет

-Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност а тоа се однесува и на сите избрани советници, информираат од СДСМ.

Не го послушал Филипче, па доби “клоца“: СДСМ исклучи советник од членство бидејќи гласал за претседател на Совет

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да започне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата.

-Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност а тоа се однесува и на сите избрани советници, информираат од СДСМ.

Најнови вести од Македонија

To top