После неколку децении, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ (Црвена Вода 7) во Аеродром, објави на совојата Фејсбук страница Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
-Денес, заедно со градоначалникот Дејан Митески и новиот директор на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, го означивме почетокот на овој значаен инфраструктурен зафат.
„Фрањо Клуз“ е улица која игра клучна улога во урбаниот дел на општината, сообраќајница што секојдневно ја користат илјадници граѓани.
Станува збор за улица која со години е оставена на забот на времето, небезбедна, оштетена и запоставена.
Денес ставаме крај на таа слика.
Ова е улица што одамна го заслужуваше вниманието, а денес тоа конечно и го добива.
Со овој зафат, улицата ќе добие двослоен асфалт, нови рабници и уредени тротоари, создавајќи безбеден, чист и функционален простор за сите минувачи.
Ќе изградиме улица која ќе биде пример како треба да изгледаат современите градски сообраќајници – уредени, безбедни и наменети за секого.
Ова е само почеток.
Следуваат уште поголеми проекти за нашето Скопје.
Ќе работиме во секоја општина, секое маало, секоја населба.
Скопје заслужува!, пишува во својата објава Ѓорѓиевски.