На својот 77-ми роденден, британскиот крал Чарлс во петокот го посети јужен Велс, каде што на приемот пресече торта во форма на 200-годишен замок.
Во придружба на кралицата Камила, кралот Чарлс го посети замокот Кифартфа во Мертир Тидфил, каде што се сретна со локални културни личности, меѓу кои и актерката Рут Џонс.
Тој се сретна и со собраните граѓани кои се криеја под чадори од бурата Клаудија.
Бакингемската палата објави нова фотографија од кралот во неговиот имот Сандрингам во Норфолк, како држи овчарски стап, а по повод неговиот роденден.
View this post on Instagram
Во Велс, кралот се сретна и со тиктокерот Луис Ли и Лиам Рирдон, ѕвездата од реалното шоу „Love Island“, кој се пошегува со кралот за одењето во теретана.
Посетата на Јужен Велс е знак за решеноста на кралот да работи дури и додека продолжува да се опоравува од третманот за рак.
Петти најдолговечен монарх
Иако ова е само третата година од неговото владеење, Чарлс, на 77-годишна возраст, сега е петтиот британски монарх според долговечноста.
Неодамна го престигна Џорџ II, кој почина во 1760 година, неколку дена пред неговиот 77-ми роденден.
Најдолговечни монарси беа Елизабета II, Викторија, Џорџ III и Едвард VIII, кој абдицираше во 1936 година.