Фудбал

Три клуба во игра за потпис на Душан Влаховиќ

Три клуба во игра за потпис на Душан Влаховиќ

Врвните европски клубови покажуваат интерес за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, објави „Газета дело Спорт“.

Договорот на 25-годишниот Србин со клубот од Торино истекува во летото 2026 година. Тој ќе биде слободен да преговара со други клубови почнувајќи од јануари.

Барселона, Баерн, Манчестер јунајтед, Атлетико Мадрид и Тотенхем го следат Влаховиќ и покажуваат сериозен интерес за негов ангажман.

Оваа сезона, Влаховиќ има одиграно 18 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и една асистенција.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата пазарна вредност на 35 милиони евра. зс/

To top