Република Општина Куманово

Зоран Арсовски-Бабата одликуван со признание за посебни постигнувања

Арсовски има изградено свој оригинален и уникатен сликарски стил препознатлив во уматноста. Тој е познат по неговите концептуални изложби и дела кои секогаш ги претставува преку визуелните сцени создавајќи нови теми на сликарското платно кои даваат еден широк поглед на светот и се што се случува во него.

Зоран Арсовски-Бабата одликуван со признание за посебни постигнувања

На годинашнава свечена седница на Општина Куманово по повод „11 Ноември” денот на ослободувањето на Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски додели Признанија на истакнати личности од различни области и професии, кои дале свој личен допринос во општеството.

Годинава Благодарница за високото општествено признание за посебни постигнувања од областа на култура и уметност Градоначалникот на Општина Куманово, му додели на Академскиот ликовен уметник м-р Зоран Арсовски – Бабата.

Арсовски е современ авангарден визуелен уметник кој има реализирано многу Меѓународни самостојни изложби и проекти. Исто така има учествувано на повеќе групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми, како и уметнички фестивали во земјава и странство.

Арсовски има изградено свој оригинален и уникатен сликарски стил препознатлив во уматноста. Тој е познат по неговите концептуални изложби и дела кои секогаш ги претставува преку визуелните сцени создавајќи нови теми на сликарското платно кои даваат еден широк поглед на светот и се што се случува во него.

Тоа е она за кое многумина историчари на уметноста го вбројуваат во уметници кои делата ги создава со многу енергија и филозофски погледи кон иднината.

Остварил многу значајни проекти и изложби од област на култура и уметност преку кои повеќепати ја претсавувал нашата држава Македонија и општина Куманово во домашни и светски рамки. За својата работа има добиено повеќе награди, плакети, дипломи, благодарници и признанија.

To top