Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 13.11.2025 година (четврток) ќе се работи на уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39 во општина Центар.
Поради тоа, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.