Македонија Скопје чисто, како што му доликува!

Ѓорѓиевски: Несовесното одложување на отпад нема да се толерира, десетици казни за правни субјекти

-Досега напишани се десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа пракса ќе продолжи за секој оној кој го загрозува нашето здравје. Да го чуваме Скопје, порача Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Несовесното одложување на отпад нема да се толерира, десетици казни за правни субјекти

Скопје чисто, како што му доликува! Акцијата „72 часа” се одвива одлично, посочи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Вклучени се повеќе од 2500 луѓе кои го чистат градот, над 100 возила оперираат низ Скопје. Сакам да апелирам до нашиот народ да се однесува одговорно кон животната средина. Несовесното одложување на отпад нема да се толерира – ќе биде казнето, рече Ѓорѓиевски.

Тој информираше дека има и казни за несовесно одложување на отпадот.

-Досега напишани се десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа пракса ќе продолжи за секој оној кој го загрозува нашето здравје. Да го чуваме Скопје, порача Ѓорѓиевски.

To top