Свет предупредува на пораст на екстремизмот

Шолц ги повикува земјоделците на компромис

Земјоделците ги блокираа главните патишта и го запреа сообраќајот низ земјата со своите трактори како дел од еднонеделниот протест.

Шолц ги повикува земјоделците на компромис

Германскиот канцелар Олаф Шолц повика денеска на смиреност и подготвеност да се прифатат компромиси во време кога земјата се соочува со протести на земјоделците револтирани од планот за намалување на субвенциите за гориво.

Земјоделците ги блокираа главните патишта и го запреа сообраќајот низ земјата со своите трактори како дел од еднонеделниот протест против планот за ставање крај на даночните олеснувања за дизелот што се користи во земјоделството, објави АП.

Тие продолжија со демонстрациите, иако Владата го промени првичниот план, велејќи дека ќе се задржат ослободувањата од данок за земјоделските возила и дека намалувањето на субвенциите за дизел горивото нема да биде воведено во следните три години.

Најнови вести од Свет

To top