Скопје oд вечерва во 20.30 го чистиме скопје за 72 часа

Ѓорѓиевски: Ќе бидам градоначалник на сите, од денес Скопје испишува нова страница

Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Ќе бидам градоначалник на сите, од денес Скопје испишува нова страница

-Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја

Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје.

Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела.

Благодарен сум за секоја поддршка, за секој скопјанец што препозна искреност, посветеност и дела зад зборовите.

Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, национална, партиска или било каква припадност.

За мене поделбите не постојат – она што е моја водилка е обезбедување на подобра иднина и достоинствен живот за сите.

И тука нема да се штедам. Го имате мојот збор!

Скопје, почитувани, го менуваме од корен!

Уште од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив.

А утре, започнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат.

Скопје ќе добие и нови проекти а дел од нив ги започнуваме во наредните денови – инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста –
Скопје конечно ќе биде отворен град.

Почнуваме!, пишува во својата објава Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Скопје

To top