Досегашниот градоначалник на општина Кисела Вода и нов градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја предаде функцијата на својата наследничка Бети Стаменкоска Трајкоска.
-Бети Стаменкоска Трајкоска е новата мајка на општината. Знам колку си посветена, колку искрено ја сакаш Кисела Вода и колку труд вложуваш во сѐ. Убеден сум дека ќе го продолжиш патот кој го трасиравме со истата сила, со ист жар и љубов. Ти благодарам за сѐ што направи и за она што допрва ќе го направиш. А со поддршка на градот Скопје, ќе продолжиме да правиме уште поголеми дела. Го имаш мојот збор, напиша Ѓорѓиевски.
Тој на Стаменкоска Трајкоска ѝ подари букет цвеќе.