Голманот на Данска, Емил Нилсен имаше извонреден настап на стартот од Европското првенство за неговата репрезентација, убедливо најзаслужен за победата на неговата селекција од 23-14 против Чешка во Минхен.
Нилсен за 33 минути на паркетот одбрани 13 шута на противничкиот тим со неверојатни 72% одбрани, приредувајќи го пресвртот на мечот. Во еден момент „човекот-пајак“, на седум минути пред крајот на натпреварот, имаше и 90% одбранети удари кон неговиот гол. Одбрани девет од првите 11 удари откако влезе во игра.
А, се до 25 минути од мечот Чешка имаше водство од 9-8 против Данците. И тогаш на голот на Данска застана Нилсен па се до крајот на натпреварот, и неговата селекција откако тој влезе во игра имаше 5-15 за конечна победа од 14-23.
Emil Nielsen is a 𝖌𝖆𝖒𝖊𝖈𝖍𝖆𝖓𝖌𝖊𝖗 💥
Hen entered and simply stopped 9 from the 11 first shots he received. 🤯🤯 #ehfeuro2024 #heretoplay pic.twitter.com/sHiAthHdzU
— EHF EURO (@EHFEURO) January 11, 2024
Неверојатниот Нилсен прими само пет гола за 33 минути, а после мечот сосема заслужено го доби признанието за најдобар играч на натпреварот.