Регион Трагедија за миг невнимание

МОРНИЧАВА НЕСРЕЌА ВО ЖЕЛЕЗНИК: Комбе го прегазило својот сопственик!

Во белградското населено место Железник денеска се случила морничава несреќа, кога комби возило само се придвижило и го прегазило својот сопственик, објави српски Телеграф.

Несреќата се случила на улицата Лоле Рибара број 6, кога мажот пристигнал со своето возило во автосервис. Од засега непознати причини, комбито самостојно се придвижило и преминало преку него.

Според очевидци, сè се случило во момент:

„Комбито стоеше, човекот нешто проверуваше, а потоа возилото само се тргна и му помина преку градите. Луѓето притрчаа и со мака го извлекоа“, изјавил еден сведок.

Екипи на итната помош веднаш реагирале и во Ургентниот центар биле пренесени две лица, меѓу кои и сопственикот на возилото. За сега, состојбата на повредениот не е позната.

Полицијата извршила увид, а сите околности на трагедијата ќе се утврдуваат во текот на истрагата.

To top