Денеска од народниот митинг во Пехчево, кој беше одржан во рамки на изборната кампања 2025 година, чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори, свое обраќање имаше Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Се радувам кога гледам колку луѓе се собраа тука, затоа што ова е доказ дека Пехчево има сила, дека Пехчево има визија, дека Пехчево има волја, дека Пехчево продолжува со мандатот на кандидатот Александар Китански. Нашата цел е да граѓаните ја гледаат својата иднина овде. Во селата и маалата на нашата општина, во Чифлик, Робово, Умлено, Панчарево, во Пехчево. Ајде да покажеме дека Пехчево не стои во место, туку дека продолжува да чекори напред со јасна визија за иднината, изјави Ковачки.
Тој истакна дека ова е мала но преубава општина која е спој на природата и традицијата.
-Со работа, верба и љубов без разлика на опструкциите што нашиот градоначалник ги имаше од Владата на ДУИ и СДСМ, сепак може да се пофали со успешна реализација и на капитални проекти, рече Ковачки.
Секој успешен проект, секоја изградена или обновена улица, како и секој насмеан жител зборуваат за трудот и посветеноста на луѓето кои веруваат во подобро утре. Александар Китански е човек кој ги знае потребите на граѓаните затоа што беше секојдневно меѓу вас, ве слуша, разбира и дејствува. Имавте можност во текот на претходниот мандат да видите дека неговата сила е во тоа што не се плаши од работа, ниту од предизвици. За него, успехот е во тоа колку животи се подобрени, колку семејства имаат подобар ден, рече Драган Ковачки.
Ковачки посочи дека во изминатите години четири години Китански покажа дека не запоставува ниту едно населено место, градска или селска средина, туку напротив, постојано беше и е на терен со своите сограѓани за од прва рака да ги решава работите.
„И за тоа сме сите тука дојдени за поддршка на Александар и сите сме со една иста желба, да го видиме Пехчево како место каде вреди да се живее, да се работи и да се создава иднина! Не сме тука за лични интереси, за свои цели, туку за заедничкото добро, развој на нашето Пехчево. Затоа што Пехчево заслужува модерна инфраструктура, чисти улици, уредени села, сигурно водоснабдување, подобри училишта и услови за младите. Почитувани пехчевчани, ниту еден успех не доаѓа сам. Сè што се постигнува е резултат на соработка помеѓу граѓаните, општината, советот и владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Само кога сите работиме заедно, можеме да го постигнеме најдоброто за нашето Пехчево“, рече Ковачки.
Со оваа Влада, додаде Ковачки, предводена од премиерот Мицкоски гледаме конкретни резултати, нови улици, подобрени патишта, реконструирани училишта, инвестиции во младите и во спортот, а пензионерите, кои се темелот на нашето општество и на кои им ја должиме државата, ги добија ветените 5.000 денари кои премиерот ги вети во првата година од мандатот, а истите дополнително се зголемија за уште 1.000, а на пролет ќе се зголемат за нови илјада денари.
„Почитувани советници, Советот има клучна улога да биде партнер, поддршка и глас на народот. Пред вас ќе стојат нови проекти, нови предизвици и нови можности. Ако останеме обединети, со иста цел и љубов кон нашиот град, можеме да направиме уште повеќе. Пехчево има иднина кога секој жител верува во заедништво, кога секој дава свој придонес и кога сите чекориме во иста насока, за нашето место, за нашето маало. Да продолжиме со истата енергија, со истата верба и со истата љубов кон Пехчево и Македонија“, рече Ковачки обраќајќи се до идните советници во Светот на Општина Пехчево.