Македонија Ѓорче Петров

Стојкоски: Работиме на одводнување на дел од обиколницата

Продолжуваме со работа, посветено и одговорно – чекор по чекор кон подобра инфраструктура за сите, потенцира во објавата Стојкоски.

Стојкоски: Работиме на одводнување на дел од обиколницата

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денес заедно со Коце Трајановски, извршија увид во работата на дел од обиколницата.

Стојкоски потенцира дека со поддршка на ЈППДП го решиле проблемот со одводнувањето.

Со оваа интервенција се спречува задржување на атмосферската вода, се подобрува безбедноста и се создаваат услови за поквалитетна и подолготрајна патна инфраструктура. Работиме тимски, со координација и одговорност, за секој дел од Ѓорче да биде уреден и функционален. Продолжуваме со работа, посветено и одговорно – чекор по чекор кон подобра инфраструктура за сите, потенцира во објавата Стојкоски.

🚜 РАБОТИМЕ НА ОДВОДНУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ОБИКОЛНИЦАТА! 💧

Денес заедно со Коце Трајановски, извршивме увид во работата на дел…

Posted by Александар Стојкоски on Tuesday, October 14, 2025

To top