Населеното место Радишани, доби нов модерен парк. На површина од десет илјади метри квадратни поставивме, урбана опрема, ново лед осветлување, и едно убаво модерно детско катче, објави актуелниот и кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
„Конечно во Радишани се оствари долгоочекуваната желба на Радишанци да имаат место за рекреација, за возрасни и за деца.
Ние младите во Радишани, конечно добивме нов парк за релаксација и дружење.
Пензионерите од Бутел дефинитивно добија убаво место за рекреација. Овде беше се запустено, со години чекавме, но дефинитивно, ќе има каде да седнеме, да одмориме, и да дружиме, да размениме, мисла“, соопшти Костовски.
Нека е аирлија!