Свет Каталонија

(ВИДЕО) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Лошото време ја натера националната метеоролошка агенција на Шпанија АЕМЕТ да издаде црвена тревога, највисоко ниво, за крајбрежниот регион.

(ВИДЕО) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните власти, пренесе Би-би-си.

Драматични снимки кружат на социјалните мрежи на кои се гледаат порои од каллива вода што се движат низ градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона, носејќи сè на својот пат.

Лошото време ја натера националната метеоролошка агенција на Шпанија АЕМЕТ да издаде црвена тревога, највисоко ниво, за крајбрежниот регион. Досега нема извештаи за жртви или повредени.

To top