Свет изјава

Трамп за Нобелова награда: „Не сум тука поради слава, туку за да спасувам животи“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не решавал воени конфликти поради Нобеловата награда, туку со цел да спаси човечки животи. Тој притоа нагласи дека нема став за прашањето на палестинската државност.

Трамп за Нобелова награда: „Не сум тука поради слава, туку за да спасувам животи“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не решавал воени конфликти поради Нобеловата награда, туку со цел да спаси човечки животи. Тој притоа нагласи дека нема став за прашањето на палестинската државност.

„Никој во историјата не запрел осум војни во период од девет месеци, а јас тоа го направив. Но, тие ќе направат што ќе посакаат – и што и да направат, во ред е. Не го направив тоа поради награда, туку затоа што спасив многу животи“, изјави Трамп, пренесува Гардијан.

Истовремено, Трамп изрази оптимизам во врска со решавањето на преостанатите прашања кои не се опфатени со првата фаза од мировниот договор за Газа, но истакна дека не сака да заземе став околу идната палестинска држава.

„Немам став за тоа. Ќе го прифатам она што тие ќе го договорат“, нагласи американскиот претседател, пренесува CNN.

Трамп најави и дека ќе отпатува во Египет на официјалното потпишување на договорот за примирје меѓу Хамас и Израел, како и дека е поканет да се обрати во израелскиот Кнесет — покана што ја прифатил.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера на социјалните мрежи објави фотографија на која Трамп има Нобелова медаља околу вратот — слика генерирана со помош на вештачка интелигенција.

„Дајте му на Доналд Трамп Нобелова награда за мир — ја заслужува“, напиша Нетанјаху на платформата X, откако беше објавено примирјето и договорот за ослободување на заложниците во Газа, пренесува Тајмс оф Израел.

Нетанјаху и претходно го номинираше американскиот претседател за Нобеловата награда, која Трамп отворено призна дека би сакал да ја добие.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, во вчерашната изјава наведе дека Доналд Трамп треба да биде номиниран за Нобелова награда за мир — доколку му донесе на светот, а пред сè на украинскиот народ, шанса за трајно примирје.

Нобеловиот комитет треба денеска да го објави името на добитникот на Нобеловата награда за мир за оваа година.

To top