Најновата телефонска анкета на ИПИС за Охрид, за потребите на Македонскиот јавен сервис МТВ, покажува огромна и супериорна предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.
Високи 35,1 проценти од испитаниците сметаат дека на овие локални избори во општина Охрид ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, наспроти само 8,2% кои велат дека тоа ќе биде СДСМ.
На прашањето „Која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори“, дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ одговориле 35,1% од испитаниците, СДСМ 8,2%, Знам 4%, додека тоа ќе биде Левица одговориле 2,9 отсто.
ВМРО-ДПМНЕ споредено со СДСМ ужива голема поддршка, во сооднос од три према еден, и во однос на листата за советници во Советот на Општина Охрид.
Па така, на прашањето „За која партија/советничка листа би гласале на изборите во Општина Охрид“, за ВМРО-ДПМНЕ одговориле 27,1% од испитаниците, за СДСМ 9,4 проценти, за Знам 5,2 отсто, за Левица 4,4% и за независна листа 1,3 од испитаниците.
Граѓаните, исто така, сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е таа што најдобро би се справила со нивните проблеми.
На прашањето „Која политичка опција сметате дека најдобро би се справила со проблемите во вашата Општина“, дека тоа ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 28,8% од испитаниците, СДСМ 9,1% отсто, Знам 4,2 проценти, Левица 3,5% и независна листа 1,1 процент.
Оваа телефонска анкета за Општина Охрид е направена во октомври месец на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.