Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Демир: Шуто Оризари мора како и другите општини да напредува, да оди напред

Да ви се заблагодарам за донесената одлука после 29 години постоење на локлна самоуправа Шуто Оризари за прв пат ВМРО-ДПМНЕ да настапува со свој кандидат за градоначалник. Ви благодариме, рече Ерџан.

Демир: Шуто Оризари мора како и другите општини да напредува, да оди напред

На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Шуто Оризари се обрати кандидатот за градоначалник Ерџан Демир.

-Дозволете ми да ви се заблагодарам за донесената одлука после 29 години постоење на локлна самоуправа Шуто Оризари за прв пат ВМРО-ДПМНЕ да настапува со свој кандидат за градоначалник. Ви благодариме, рече Ерџан.

Тој потенцира дека ја прифатил оваа кандидатура од две причини и тоа:

Првата причина е затоа што јас сум роден тука во Шито Оризари, сум израснал, учев во оваа градинка, тука живеам, тука работам и се што имам е тука во Шуто Оризари, друго место јас немам.

Втората причина зашто ја прифатив оваа кандидатура е алармантната и лоша состојба во која се наоѓа оваа една и единствена општина, потенцира тој.

-Додека другите општини напредуваат се развиваат и модернизираат ние си тапкаме во место. Тоа не се случува туку така, поради самоизолација во која не стави актуелниот градоначалник. Ова мора да прекине. Мора и ние како и другите општини да напредуваме, да одиме напред. Ние сме сепак една од градските општини, мораме да бидеме во тек со другите, рече Демир.

Кандидатот за градоначалник Ерџан Демир се осврна на проектите планирани за општината.

„Другите велеа дека Шуто Оризари мал Парис ќе го направат, а шајка не заковаа, засадија палма и мислеа општината Дубаи ја направија. Ние сме поинакви тоа што го кажуваме тоа и го реализираме“, кажа Демир.

Како што рече кандидатот за градоначалник Демир, Шуто Оризари е дел од Скопје и затоа треба да биде средено.

„Во иднина заедно со градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе направиме Шутка да биде средена, да нема смет. Целата општина ќе биде средена, општината ќе биде подобро место за живот“, рече Демир.

Тој повика на изборите кои се закажани на 19 октомври граѓаните треба да излезат и да се определат, да гласаат за број 9, за подобро Шуто Оризари.

Најнови вести од Македонија

To top