Македонија Радовиш

Мицкоски: Од вашиот глас зависи дали ќе се вратат и охрабрат оние кои по секоја цена ги уриваат темелите на нашиот заеднички дом

Мицкоски оцени дека таму, во судството и обвинителството, главни се слугите на истите политички елити кои остануваат неказнети затоа што нивната заштита не е правдата туку неправедниот систем, корупцијата, непотизмот кои тие ги направија.

Мицкоски: Од вашиот глас зависи дали ќе се вратат и охрабрат оние кои по секоја цена ги уриваат темелите на нашиот заеднички дом

Се наоѓаме пред уште едни избори, овој пат локални. Избори на кои се одлучува за тоа во каква општина сакате да живеете, за вашето маало, вашите улици, вашите места низ кои пораснавте и го градевте вашиот карактер, низ кои ги подигнувавте вашите семејства. Ова се избори и со поинакво значење. Од вашата одлука не зависи само растот и напредокот на вашата општина туку зависи и напредокот на нашата заедничка татковина Македонија.

Ова вечерва на народниот митинг во Радовиш го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.

-Од вашиот глас зависи дали ќе се вратат и охрабрат оние кои по секоја цена ги уриваат темелите на нашиот заеднички дом или ние кои со сите сили се трудиме да ги зацврстиме, изградиме и донесеме во ред. Точно е, на минатите избори победивме благодарение на вашата доверба и поддршка, но другата вистина е дека се уште има делови од тој распаднат систем каде тие се присутни и продолжија да егзистираат, постојат и да работат. Еден голем сегмент од тој систем е судството и обвинителството. И ако врвот во тоа судство и обвинителство е корумпиран и пирамидата надолу ќе биде таква  – без правила, со мито и корупција и со жестока неправда која станува нивен заштитен знак, рече тој.

Мицкоски оцени дека таму, во судството и обвинителството, главни се слугите на истите политички елити кои остануваат неказнети затоа што нивната заштита не е правдата туку неправедниот систем, корупцијата, непотизмот кои тие ги направија.

-Гледајте колку се налутија кога кажав дека сметам дека платите им се високи и не ги заслужуваат. Тука зборувам за неколкумина нивни измеќари кои уште постојат и егзистираат во обвинителството и судството. А како да кажам поинаку кога еден случај не процесуираа, еден случај не отворија, а повеќе од 80 кривични пријави чуваат длабоко  во фиоките на институциите со кои раководат. Не е прашањето дали ги заслужуваат платите туку тоа што се нафатиле да им бидат слуги на нивните политички наредбодавци, рече Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top