Хроника мвр

33 годишен охриѓанец вознемирувал и нападнал девојка

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 131 од Кривичниот законик „тешка телесна повреда“.

33 годишен охриѓанец вознемирувал и нападнал девојка

Вчера, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, врз основа на локален распис лишен од слобода е А.Д.(33) од Охрид.

Тој, на 03.10.2025 во СВР Охрид беше пријавен дека, подолго време вознемирувал, а на 29.09.2025 и физички нападнал 25-годишна девојка од Охрид, која била на нејзиното работно место, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 131 од Кривичниот законик „тешка телесна повреда“.

Најнови вести од Хроника

To top