Македонија ухмр

Доаѓаат првите минусни температури во Македонија

Доаѓаат првите минусни температури во Македонија

Во деновите од викендов времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои наместа се очекува да се спуштат под нула степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималните температури ќе бидат до -6 степени, а дневните до максимални 15 степени.

УХМР

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.

УХМР
To top